ПОВЕЌЕ

    Британските компании најчесто им плаќаат откуп на хакерите

    Време зa читање: 2 минути

    Дури 82 отсто од компаниите од Велика Британија, кои биле жртви на сајбер-напади со откуп (ransomware), им ја платиле бараната сума на хакерите, за да добијат пристап до нивните податоци. Со оглед на тоа што на глобално ниво таа сума е околу 58 отсто, тоа укажува дека Велика Британија е многу поподложна на барањата на хакерите и затоа е една од „најпосакуваните“ локации за напади.

    Ваквиот третман на сајбер криминалците го осудуваат институциите кои се занимаваат со овој проблем, но дефинитивно не влијаеше на одлуките на компаниите. Дури и некои многу големи компании одлучуваат да плаќаат откуп за да ги вратат своите деловни податоци.

    Сепак, се покажало дека се случувало некои компании, кои се решиле да платат,да бидат повеќепати жртви на напади, бидејќи хакерите решиле максимално да го искористат фактот што уценетите бизниси се одлучувале да ги платат бараните откупи. Покрај тоа, само во половина од случаите пристапот бил обновен по откупни плаќања.

    Хакерите кога сфатиле дека пред себе имаат жртва која е подготвена да ги исполни нивните барања, често станувале алчни и барале повеќе пари. Меѓутоа, во само четири проценти од случаите компаниите кои платиле откуп не ги добиле податоците назад – причините се што добиле погрешен клуч за дешифрирање на податоците или криминалците едноставно ги земале парите и не реагирале.

    Продолжи со читање: RANSOMWARE-BITCOIN – ДОБИТНА КОМБИНАЦИЈА ЗА УСПЕШЕН IT РЕКЕТ

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично