ПОВЕЌЕ

    Бислимовски: Струјата нема да поскапи

    Време зa читање: < 1 минутa

    Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски во поткастот „Каде се парите“ на pari.com.mk кој премиерно ќе се емитува утре во 22 часот, изјави дека цената на електричната енергија нема да се зголеми од 1 јули годинава. Тој изјавата ја даде вчера, четврток, еден ден пред да се отвори тендерот со понудата за снабдување со електрична енергија на ЕВН Хоум. Според Бислимовски, денешниот тендер е клучен за одредување на цената на електричната енергија, но според него, податоците кои досега ги имаат покажуваат дека цената не би требало да се зголеми. Во поткастот кој се емитува утре, сабота 24.06.2023 година, освен за цената на електричната енергија зборувавме и за повеќе теми кои сега се или ќе бидат во надлежност на РКЕ како одредувањето на цената на водата и на ѓубретарината. Зборувавме и за тоа дали има разлика да се работи државно во споредба со приватниот сектор.

    Линк до видео: https://www.youtube.com/shorts/Zl2mDMCZ3pw

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично