ПОВЕЌЕ

    Бидејќи партиите не сакаат да се договорат, нема владеење на право и сузбивање на корупцијата

    Време зa читање: 2 минути

    На средбите кои ги организирала невладината организација „Македонија 2025“ во која членуваат видни домашни и од дијаспората видни бизнисмени, четирите најголеми политички партии во државава бидејќи не можеле да се договорат што да се преземат за подобрување на образованието и за подобро владеење на правото, решиле дека единствена точка каде нема да се напаѓаат меѓу себе и затоа може непречено да се спроведат мерки е дигитализацијата на државава, вели Никица Мојсоска Блажевски, извршната директорка на оваа организација за поткастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов. Партиите сметале дека дигитализацијата е место каде безболно ќе соработувале, а пак од „Македонија 2025“ ова го виделе како можност да се намали корупцијата во државава, бидејќи со елиминирањето на директниот контакт граѓанин – вработен во администрација, драстично се намалува понудата и побарувачката на коруптивни дејствија, бидејќи услугите се добиваат дигитално, а вработените во администрацијата можат полесно да се следат кои предмети и за колку време успешно ги сработиле.

    „И почнавме да работиме, некако ја буткавме работата, МАНУ ни беше партнер, но меѓутоа немаше голем напредок. Ние се состанувавме, правевме некои планови, ја водевме иницијативата, ништо, и на крај одлучивме дека ние како организација би оделе во две области да кажам. Едната е повеќе како лобирање за одредени реформи во дигиталната сфера, ќе ги објаснам после кои, а второ дека ние сакаме да имплементираме дел од тие работи, а тоа е да помагаме дигитализација на микро, мали и средни компании“, изјави Мојсоска Блажевски за поткастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов.

    Таа додава дека дигитализацијата е дел од „Визијата за забрзан економски раст“ која ја промовира „Македонија 2025“ и која предвидува годишен раст на бруто домашниот производ од 5 насто, нулта корупција и ефикасни институции.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично