Во новата епизода на „Каде се парите“, Горан Теменугов со гостинот Сашо Дракуловски од ВЕГА фондови детално ја анализира актуелната состојба на светските берзи. Со оглед на неодамнешните турбуленции, голем број инвеститори се прашуваат дали е време да вложат во акции, или е подобро да бидат внимателни и да почекаат дополнителни корекции. Во оваа епизода добивате конкретни насоки за тоа што да правите со вашите пари во овој специфичен период од годината.
„Во овој момент, јас мислам дека треба малце да се чека и да речеме мерат сите информации кои што ќе доаѓаат. Бидејќи во наредниот месец-два ќе имаме турбулентни осцилации на дневно ниво, бидејќи нема некој фокус каде што ќе тера оваа светска економија. Царините, никои не знае како на крај ќе завршат. Така да речеме дефинитивно, јас сега малце би почекал и би следел будно, би се направил некои свои пикови на акции што би ги таргетирал или па сектори и би чекал, можеби ќе има корекција, уште една-две, но меѓутоа пак доколку тргне нагоре све, доколку се средат овие царински политики и на овие цени не е пример скапо да се купи. Така да се зависи како ќе движи самата светска економија самиот момент со овие царини кои што се сега главен предизвик, така да дефинитивно треба да се малце почека и да се следи будно и во овие наредни 2-3 месеци ќе има осцилации, ќе има падни стани, што би се рекло.“
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот ЈуТјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.
Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.