„Дали растот на берзата ќе продолжи и во 2025? Македонскиот берзански индекс (МБИ – 10) порасна за 450 % во последните девет години. Првите месеци од 2025 покажуваат дека трендот од 2024 година, која беше најуспешна во минатата деценија, може да продолжи. Првиот човек на Македонска берза, Иван Штериев, иако од својата позиција не смее да дава предвидувања како ќе се движат цените на акциите, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ ги сумираше бројките за првите 70 берзански денови од 2025 година.“
„Што се случува во јануари е некој предвесник што ќе се случува целата година и јас еве можам да кажам, случајно или не, како што реков, нема јас директно да прогнозирам, нас јануари, а и целиот овој период од неполни три месеца, ни оди да е на ниво на трендовите од ланската година, која, пак да повторам, беше најдобрата во последните 10 години. Да илустрирам со неколку бројки. Прометот што го имаме до вчера, 10 март, по сите основи е околу 28,6 милиони евра, а лани во првите три месеца, 20 дена плус сите први три месеца, бил 31 милион. Но, пак, јас најмногу сакам да ги коментирам и да го анализираме прометот во Бест системот. Прометот во Бест системот, овие 2,5 месеци е поголем од првите три месеци од ланската година за некои 5,5 %. Да завршам со бројки, математиката на вкупниот промет е помала само поради тоа што има помалку обврзници, а има помалку обврзници истргувано зашто лани денационализацијата, што е нормално, веќе сѐ се во помали вредности државните обврзници.“
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот ЈуТјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.
Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.