Од денес, берзанскиот ОМБ индекс се пресметува според новиот состав, утврден на вчерашната вонредна ревизија, извршена од страна на Комисијата за берзански индекс.
„Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската берза ОМБ, Комисијата за берзански индекс определи дека следните обврзници ќе бидат елементи на ОМБ:
Обврзниците за денационализација-Седумнаесетта емисија (RMDEN17), Обврзниците за денационализација-Осумнаесетта емисија (RMDEN18), Обврзниците за денационализација-Деветнаесетта емисија (RMDEN19), Обврзниците за денационализација- Дваесет и прва емисија (RMDEN21), Обврзниците за денационализација- Дваесет и втора емисија (RMDEN22) и Обврзниците за денационализација- Дваесет и трета емисија (RMDEN23)“, информираат од Берзата.
Следната редовна ревизија на индексот ќе се реализира на 15 јуни.