Во ова издание на поткастот „Каде се парите“, домаќинот Горан Теменугов разговара со гостин Сашо Дракуловски од ВЕГА фондови за берзанските падови. Кога пазарите доживуваат драматичен пад, луѓето обично мислат дека сите продаваат и дека пазарот колабира, но вистината е сосема поинаква. Дознајте што прават искусните инвеститори кога акциите почнуваат да паѓаат и зошто токму тие моменти можат да бидат најдобрата шанса за профит.
„Дефинитивно купци има секогаш и тие ловат риба. Сега кога има вакви времиња, турбулентни, каде што има паника, тие што се паметни инвеститори, професионалци, чекаат на некои пониски ценовни нивоа и тие купуваат.
За да вие продадете акции, некој мора да ви ги купи. Сега, кој е од другата страна? При вакви паники, кога паѓа берзата 10%, обично има поголем промет, поголем волумен, заради тоа што се прави масовна хистерија, негативна…“
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот ЈуТјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.
Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.