ПОВЕЌЕ

    Amazon ја оствари најголемата еднодневна добивка во историјата на американската берза

    Време зa читање: 2 минути

    Гигантот за е-трговија е на пат да ја зголеми својата пазарна вредност за речиси 200 милијарди долари, доколку зголемувањето на вредноста на акциите од 14 отсто, постигнато во тргувањето по вчерашното затворање на Волстрит, продолжи во текот на редовниот трговски ден.

    Амазон го враќа на американскиот пазар на капитал она што Мета платформи го одзеде само еден ден претходно, заклучува Блумберг.

    Тоа би било најголемата еднодневна добивка во историјата на американската берза само еден ден откако матичната компанија Мета платформи го допре другиот крај на тој спектар.

    Порастот на цената на акциите на Амазон дојде откако продажбата на нејзиниот бизнис сегмент за компјутери во облак ги надмина претходните проценки на аналитичарите од Волстрит, а компанијата ја зголеми цената на претплатата на услугата за стриминг Amazon Prime. Овие елементи ги засенија прогнозите за продажба и оперативен профит за тековниот квартал кои беа малку под очекувањата.

    Порастот на вредноста на акциите на Амазон доаѓа откако резултатите на Мета го имаа најлошиот ден од март 2020 година, по што се стравуваше дека настанот ќе се прелее и на други компании од големата технологија. Меѓутоа, се покажа дека е токму спротивното и дека сите други Биг Тек компании се во црно, освен Мета, која е единствената која има бизнис модел базиран на социјална мрежа.

    Apple е актуелен рекордер по додадена пазарна вредност откако минатата недела доби околу 179 милијарди долари, ден по извештајот за кварталната заработка.

    Добивката од 200 милијарди долари за Amazon би била поголема од пазарните вредности на повеќе од 90 отсто од компаниите во индексот S&P 500, според податоците собрани од Bloomberg.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично