ПОВЕЌЕ

    Амазон ќе ангажира уште 100.000 работници оваа година

    Време зa читање: 2 минути

    „Амазон“ соопшти дека регрутира уште 100.000 работници, по четирите објавени огласи за Соединетите држави оваа година. Целта на новиот оглас е да го задржи чекорот со побарувачката за е-трговија што порасна за време на пандемијата.

    Најголемиот светски мрежен продавач на мало изјави дека позициите се за полно и скратено работно време во нејзината матична земја и Канада. Компанијата од Сиетл вработила 876.800 луѓе заклучно со 30 јуни, со исклучок на изведувачи и привремен персонал.

    Веста ја рефлектира постојаната потреба на „Амазон“ за работна сила за собирање, пакување и испраќање производи до купувачите, со пораст на приходите од 40% во последниот квартал и најголем профит во 26 годишната историја од постоењето“, рече Алисија Болер Дејвис, потпретседател на „Амазон“ за глобална трговија.

    Болер Дејвис, неодамна е назначена за тим за високи раководства на „Амазон“, и истакна дека компанијата сè уште ги проценува потребите за сезонско вработување за зимскиот периот, покрај потребата од 100.000 позиции

    На почетокот на овој месец „Амазон“ објави 33.000 отворени работни места за работници во технологија. Најави 100.000 и 75.000 нови работни места во март и април, со апел за вработување за луѓето кои беа отпуштени од други бизниси за време на пандемијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично