ПОВЕЌЕ

    Алкалоидoв предизвик – 4 успешни дами раскажаа своја приказна и ја предизвикаа јавноста!

    Време зa читање: 4 минути

    Базата на „Алкалоид“ АД во Скопје брои 1.832 вработени, од кои 1127 се жени. Компанијата одбра четири припаднички на понежниот пол од различни сектори во Алкалоид, кои ја споделија својата професионална, но и лична приказна. Тие повикаа свои колешки и пријателки да споделат сопствени искуства од начинот на кој се соочуваат со предизвиците и се справуваат со рушењето предрасуди и комплексности од своето секојдневие. Секоја од овие жени е самоуверена, достоинствена, повеќе од еднаква!

    Приклучете се и вие кон предизвикот!

    • Постирајте своја фотографија или видео, со кои ќе го споделите својот личен пример за успех на кое било поле.
    • Тагнете барем две свои пријателки кои се ваша инспирација и охрабрете ги да споделат свои искуства, користејќи ги хаштазите #WomenEmpoweringWomen, #AlkaloidАDSkopje, #PoweredBySattwa.

    Алкалоидовиот предизвик е отворен до 21 март 2021 година, учествувaјте преку социјалните мрежи Facebook и Instagram.

    Прочитајте ги нивните приказни.

    САМО СО ВИСОКИ КРИТЕРИУМИ КОН НОВИ, ПОВИСОКИ ДОСТИГНУВАЊА

    Маја Стефкова

    Менаџер за истражување, развој и регистрации во сегментот Билкарство

    Уште за време на студиите на Фармацевтскиот факултет, моја најголема желба беше да работам во „Алкалоид“. Така и се случи. Умешноста на селектирање и на креирање нови формулации за брендот Good Nature се дел од моето секојдневие, во кое несебично ги вложив своето знаење, искуство и експертиза. Креативноста и размената на идеи во компанија во која над 60 % од вработените се жени се катализатор на продуктивноста и на иновативноста во процесите. Поставените високи критериуми ме водеа напред кон нови, повисоки достигнувања. Во сите мои деловни потфати моја најголема поддршка е моето семејство.

    СЕКОЈ ДЕН Е НОВ ПРЕДИЗВИК, А МОЈАТА ЦЕЛ Е ДА НАПРАВАМ ПОЗИТИВНА РАЗЛИКА

    Теодора Јолакоска

    Референт за бизнис-планирање, контрола и известување

    На работното место секое утро доаѓам со позитивен став и со огромна желба да научам некоја нова вештина или да совладам нов предизвик. Во динамичното работно опкружување учам од искуството на другите, а како рамноправен член на тимот секогаш се трудам со својот придонес да направам позитивна разлика. Жената во бизнис-заедницата повеќе не е тема која предизвикува сомнежи. Жената во бизнис-заедницата покажа знаење и достоинство храбро да се соочи со предизвикот на рушење предрасуди.

    ФОКУС, ДИСЦИПЛИНА, ПОСВЕТЕНОСТ И УПОРНОСТ

    Маја Лазарова

    Раководител на Одделот за пакување лекови во ПЦ Фармација

    Прецизноста, концентрацијата и дисциплината се главните одлики на мојот работен ден. За мојата работа потребен е максимален фокус и цврста желба за приспособување на динамичното секојдневие. Научив дека пред секој предизвик мора да застанам одлучно, а посветеноста и упорноста се максимите кои ме водат напред. Успеав да ги сплотам големината на својата улога во семејството и одговорноста во средината во која работам. Големината на својата мисла и на сопствениот глас во целина која ме прави повеќе од еднаква!

    ОДГОВОРНА, САМОУВЕРЕНА И ПОВЕЌЕ ОД ЕДНАКВА!

    д-р Сандра Чомовска-Мадевска

    Раководител на Одделот за глобална фармаковигиланца

    Комплексната проблематика на мојот делокруг на работење бара следење на најновите достигнувања во медицината и нивна примена во развојот на производното портфолио на „Алкалоид“. Излегувањето од зоната на комфорот и соочувањето со ситуациите во кои треба да застанам исправено, да поместам граници и да покажам став се дел од моето секојдневие. Вербата во себе, вложувањето во сопствениот напредок, истрајноста, посветеноста и можноста деловно да се надоградувам во средина во која се ценат моите способности му даваат тежина на секој епитет кој го носи жената денес, не само како колега туку и како мајка, сопруга, ќерка, пријателка…

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично