ПОВЕЌЕ

    Ако вложевте 1.000 долари во Биткоин пред 10 години, еве колку пари ќе имавте сега

    Време зa читање: 2 минути

    Најголемата криптовалута во светот го достигна највисокото ниво од 63 000 американски долари во април, но потоа изгуби 50 проценти од својата вредност во следните три месеци. Цената на популарната „паричка“ неодамна падна под 30 000 американски долари.

    Сепак, за време на викендот, видовме скок на вредноста на криптовалутата, делумно благодарение на поддршката на големите имиња како Елон Маск и Џек Дорси, изразена на неодамнешната конференција преку Интернет. Вчера со Биткоин се тргуваше над 38.000 УСД.

    Неговата популарност нагло порасна во 2017 година, кога скокна од 900 на речиси 20.000 долари за помалку од една година. Но, во исто време, стана познат по своите падови – неговата вредност нагло падна во неколку наврати.

    За разлика од другите крипто -валути, како што е Догекоин, кој исто така забележа слични подеми и падови, биткоинот е технолошки понапреден и во моментов има пазарна капитализација од околу 736 милијарди долари, што е далеку повеќе од другите, пишува CNBC.

    Еве што покажува анализата ако вложевте во Биткоин години наназад:

    • Да инвестиравте во биткоин минатиот јули, тој ќе пораснеше за 252 проценти во последните 12 месеци. Купувањето биткоин во вредност од 1.000 долари на 26 јули 2020 година – по цена од 10.990,87 долари по монета – сега би вредело 3.525,65 долари (по цена од 38.750 долари за биткоин).
    • Ако одите подалеку во минатото, кривата на раст е уште пострмна. Значи, на 26 јули 2016 година, 1.000 УСД би ви купиле 1,52 биткоини по цена од 656,17 УСД за паричка. Денес, таа инвестиција би вредела 58.900 американски долари, што претставува раст од 5.805 проценти.
    • Ако се вратиме 10 години наназад, процентот на раст на биткоинот е шест цифри. Во јули 2011 година, две години откако беше создадена, една паричка чинеше 13,91 УСД. Тогаш 1.000 долари би ви донеле 71,89 биткоини, што би вределе 2.785.737,50 долари денес. Таа бројка претставува раст од 278.476,56 проценти.

    Кога станува збор за крипто, имајте на ум дека досегашниот ефект не е гаранција за идно „враќање“, а експертите ги предупредија инвеститорите да не инвестираат повеќе пари во криптовалути отколку што е прифатливо за нив да загубат.

    „Ако се одлучите за крипто, размислете да не направите голема набавка одеднаш“, се советува во текстот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично