Биткоин вчера направи катастрофален пад и во еден период од денот една паричка чинеше 34.000 долари. Остриот пад дојде по информацијата од Кина дека ги забранува трансакциите со криптовалутите.Иако денеска најпопуларната дигитална пара малку закрепна и од утринава се продава за околу 40.000 долари, огромниот скок во надолна линија што се случи месецов ги насочи аналитичарите да размислуваат во друга насока. Дали Биткоин ќе влезе во спиралата на смртта?
Како клучно за Биткоин странските аналитичари го посочуваат ова клучно ниво:
-Алармантно јасно се гледа како биткоинот би можел тотално да се распрсне во моментот ако се движи брзо од една техничка стожерна точка до следната. Приказната за „дигиталното злато“ со наглите скокови последниот месец, се распаѓа приближувајќи се на некои клучни нивоа на цени што ќе го отежнат оправдувањето на најважните случаи на бикови за биткоин, велат странските аналитичари.
Прво, да започнеме со зголемувањето на неговата цена денот кога биткоинот достигна 65.000 УСД. Техничарите бараат цел од каде започна нагорниот тренд -тоа е приближно 30.000 УСД.
Токму поради тоа ако биткоинот се скрши под 30.000 УСД и тоа ниво стане отпор наместо поддршка, тој има потенцијал целосно да пропадне. Еве зошто:
Полесно е да се разбере зошто постои потенцијал за вистински колапс: биткоин оди во спротивна насока на златото токму кога инфлацијата станува примарна грижа за инвеститорите. Ова е најголемото нешто што се случува. Најпопуларната приказна за сопственост на биткоин – дигитално злато, пропаѓа точно во погрешен момент. Не е важно што направи биткоинот во однос на златото од денес, изминатата година или од самото основање. Она што е важно е што прави биткоинот во споредба со златото кога инфлацијата е всушност загрижувачка и за прв пат по повеќе од една деценија, инфлацијата е најголема грижа кај инвеститорите.
Биткоинот бил мртов 414 пати
Најнова смрт:
18-ти мај 2021 година
Најстара смрт:
15 декември 2010 година
Смрт по години:
2021(21)
2020(14)
2019(41)
2018(93)
2017(124)
2016(28)
2015(39)
2014(29)