ПОВЕЌЕ

    Фершпед оствари добивка над 300 илјади евра

    Време зa читање: 2 минути

    Фершпед АД Скопје за период Јануари-Март 2021 година оствари позитивни финансиски резултати. Оперативната добивка остварена во првото тромесечие од 2021 година изнесува 21.232 илјади денари пред оданочување, соопшти компанијата во образложението на својот финансиски извештај објавено на Македонската берза.

    Остварените вкупни приходи за период Јануари-Март 2021 година изнесуваат 939.364 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период од 2020 година бележат пораст од 27%.

    Оперативните приходи изнесуваат 969.188 илјади денари и истите бележат пораст од 31% во однос на оперативните приходи за истиот период од 2020 година.

    Финансиските приходи бележат пад во однос на истиот период минатата година.

    Вкупните расходи за период Јануари-Март 2021 година се во износ од 948.157 илјади денари и истите имаат пораст за 32% во однос на вкупните расходи за истиот период 2020 година.

    Оперативните расходи за период Јануари-Март 2021 година изнесуваат 947.956 илјади денари и истите имаат зголемување за 32%  во однос на истиот период во 2020 година.

    Финансиските расходи бележат пад во однос на истиот период минатата година.

    Нето добивката по оданочување во анализираниот период изнесува 18.833 илјади денари, и истата е зголемена во однос на истиот период од 2020 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично