ПОВЕЌЕ

    Биткоинот незапирлив – сруши нов рекорд?!

    Време зa читање: 2 минути

    Како и што се очекуваше, Биткоинот го сруши рекордот од 58.332 долари.

    Во овој момент, вредноста на Биткоинот достигна 60.181 долари, што ја надмина рекордната вредност на најпопуларната криптовалута.

    Вредноста на биткоинот скокна за 5,30 проценти во последните 24 часа достигна цена од 60 181 долари.

    Од почетокот на оваа година, биткоинот порасна за 80 проценти, а во последните 12 месеци неговата вредност се зголеми за 571 процент.

    Охрабрувачките информации за големиот интерес на клиентите на Голдман Сакс за најпопуларната криптовалута секако придонесоа за растот на биткоинот, вклучително и зголемениот интерес на големите институционални инвеститори, како и инвестициите од корпорации како Тесла, Сквер и Микростратеџи во оваа крипто валута.

    Во очите на инвеститорите, тоа е дигиталното злато, заштита од сите ексцеси што неизбежно ќе предизвика диво печатење пари насочено од централните банки, односно пред се висока инфлација и девалвација на класичните валути. Бидејќи цените на златото паѓаат благо неколку месеци, се повеќе станува јасно дека биткоинот навистина ја презеде својата улога во многу од портфолијата на големите играчи.

    Биткоинот е криптовалута измислена од непозната личност или група луѓе во 2008 година, користејќи го името Сатоши Накамото.

    Тој е децентрализирана дигитална валута без централна банка или претседател, кој може да се испрати од еден корисник на друг корисник директно, без посредници, преку биткоин мрежата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично