ПОВЕЌЕ

    Која фирма ”распали” нето добивка над 1,3 милиони евра

    Време зa читање: 3 минути

    Минатата година помина во знакот на пандемијата на Ковид-19 што неминовно изврши големо влијание како врз целокупната глобална економија така и врз светската челична индустрија. Во сите региони беше регистрирано намалување на производството на челик особено во првата половина на годината кое беше проследено со намалена потрошувачка и пад на цените на челичните производи. Воведени беа ограничувачки мерки за движење, глобалните синџири на снабдуање исто така беа погодени, а довербата на економските субјекти нарушена. Иако благи знаци на подобрување се почувствуваа во последниот квартал од годината, останува фактот дека кризата ќе предизвика долгорочни последици на челичната индустрија. Дигитализацијата, новите технологии и иновативноста придонесоа до некаде да бидат минимизирани негативните последици од пандемијата. Овие текови извршија влијание и на работењето на нашата компанија која успеа да го адаптира начинот на тековното работење на новите околности што неминовно придонесе за зголемување на трошоците од работењето.

    Макстил АД – Скопје за периодот јануари – декември 2020 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните поединечни финансиски извештаи.

    Оствареното производство на дебели лимови во 2020 во производниот погон Валавница изнесува 236.522т. што споредено со 264.608т. во 2019 претставува намалување од 10,6%, додека во однос на поставениот производен план за годината (273.444т.) претставува намалување од 13,5%. Оствареното производство на сопствен челичен полуфабрикат, челичански слабови во извештајниот период е 179.833т. што споредено со 239.252т во 2019 претставува намалување од 24,8%, додека во однос на планираното производсво за годината (220.000т.) претставува намалување од 18,3%.

    Реализацијата  на топловаланите дебели лимови во количински показатели е 241.293т., што споредено со 255.740т. во 2019 претставува намалување од 5,6%.

    Во извештајниот период се остварени приходи од работење во износ од 4 милијарди денари, од кои  приходите од продажби како носечка ставка во структурата на вкупните приходи учествуваат со дури 98%. Споредено со 2019 остварените приходи од работењето (5,3 милијарди) се помали за 23,5%. Покрај  разликата во испорачаните количини и поповолните ценовни односи, во извештајниот период е евидентна и разлика во структурата на испораките во полза на поголемо учество на испораките по основ на договори  за преработка во однос на испораките од сопствените продажби.

    Добивката пред оданочување во извештајниот период е 91,5 милиони денари и е неколку пати повисока од остварената во 2019, додека нето добивката изнесува 82,4 милиони денари.

    Во овој период компанијата нема извршена исплата на дивиденди по акција заради пренесени загуби од претходниот период.

    Во текот на 2020 остварените расходи од работењето изнесуваат 3,52 милијарди денари, од кои трошоците за производство се носечка ставка и во структурата на вкупните расходи учествуваат со 60%. Споредено со истиот период во 2019 година остварените расходи од работењето  (5,67 милијарди денари) се пониски за 38%, што воглавно се должи на намалениот обем на производство во текот на овој период како и на подобрениот извадок старо железо – слаб.

    И во текот на 2020 година во континуитет се реализирани  инвестициони активности за одржување во кондиција на инсталираната опрема и процесните линии, како за подобрување на енергетската ефикасност така и за подобрување на севкупната економичност на работењето при што нивниот износ надмина 286,8 милиони денари.

    Во месец септември на компанијата и беше доделена А-интегрираната еколошка дозвола од страна на МЖСПП со којашто се минимизираат и контролираат сите можни извори на загадувачки супстанции.

    Очекувањата на менаџментот за годинава која ни претстои се умерено оптимистички и се темелат на прогнозата за опоравување на глобалната побарувачка на челик поддржана од фискалните стимултивни мерки за поддршка на инфраструктурните проекти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично