ПОВЕЌЕ

    Adria Airways е продаден за 33.000 евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Марката на словенечката авиокомпанија Adria Airways во стечај беше продадена на понудувач од странство за нешто повеќе од 33.000 евра, изјави стечајниот управник Јанез Пустатичник за словенечката новинска агенција СТА.

    Побараната цена во третиот обид за продажба на оваа марка беше утврдена на 10.000 евра. Името на клиентот не се знае. Девет понудувачи одговорија на јавната покана да достават обврзувачка понуда, вклучително и четворица од странство, рече Пустатичник.

    Тој потсети дека на првата покана за доставување обврзувачка понуда, кога бараната цена била утврдена на 100.000 евра, само еден понудувач го платил депозитот, но не успеал да достави понуда. На вториот повик, кога цената била преполовена на 50.000 евра, немало изразен интерес на инвеститори.

    Марката „Адриа ервејс“ вклучува неколку регистрирани трговски марки, логоа и домени на мрежата adria.si, flyadria.si, adria-airways.si, afs.si, adria-airways.com, adria.ba, adria.mk и adriaairways.me.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично