ПОВЕЌЕ

    „Визер“ привремено откажува 36 летови во регионот

    Време зa читање: < 1 минутa

    Ниско буџетната унгарска авио-компанија „Визер“ во текот на зимскиот период привремено ќе откаже 36 линии во земјите од регионот.

    Од аеродромот во Тузла ќе бидат прекинати дури осум линии, а „Визер“ ја откажа својата единствена линија кон Словенија“, објави синоќа порталот Klix.

    Последниот лет годинава меѓу белгискиот град Шарлороа и Љубљана е закажан за 24 октомври, а летовите се очекува да бидат повторно воспоставени во март следната година.

    Претходно, „Визер“ откажа четири линии од аеродромот „Тузла“, а сега откажува уште четири линии до Берлин, Келн, Баден и Ваџо.

    Овие летови треба да бидат повторно активирани во март 2021 година.  Унгарската компанија исто така привремено го прекина летот од Сараево до Будимпешта, но тој треба да биде воспоставен на 2 октомври.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично