ПОВЕЌЕ

    Од Кина за една година се одлеаа 50 милијарди американски долари во криптовалути

    Време зa читање: 2 минути

    Од Кина во последната година „се извлечени“ 50 милијарди долари во криптовалути, а тоа укажува на фактот дека Кинеските инвеститори извлекуваат повеќе пари од својата земја од тоа што е дозволено.

    Според тамошните закони, тие во финансиските институции годишно можат да купат странски валути до 50.000 долари. Во минатото побогатите кинези ги извлекуваа парите преку инвестицуја во недвижен имот или некој друг имот. Но владата на Кина во изминатата година им го отежна изнесувањето на капиталот од земјата.

     

    Во извештајот на „Chainalysis“ пишува дека „криптовалутите помалку се провлекуваат под радар“.

    Понатаму пишува и дека „во последните 12 месеци, во однос на тоа дека кинеската економија претрпе удар поради трговските војни и девалвацијата на јуанот, видовме како криптовалути во вредност од над 50 милијарди долари, се префрлуваат од адреса на кинески компании на странски адреси“.
    Во овој извештај стои и дека за префрлување на овие пари претежно се користи контроверзниот „stablecoin tether“, односно дигитална валута дигитална валута која најверојатно ќе биде поддржана од некое друго средство или група на хартии од вредност, со цел да се стабилизира нејзината вредност.

    Tether тврди дека е врзан за американскиот долар. Оваа криптовалута е погодна за пренос на големи суми на пари, бидејќи вредноста на криптовалутата која никој не сака да ја префрли – не би тебало да биде изложена на голема волатилност.

    Од кога кинескиот претседател, Си Џинпинг, кон крајот на октомври, ја поддржа блокчејн технологијата, Кинезите почнаа да имаат поголема доверба во криптовалутите, а потоа се огласи и Народната банка на Кина, истакнувајќи дека развива сопствена криптовалута.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично