Во Италија цените постојано растат во однос на периодот пред пандемијата на ковид-19, покажаа најновите истражувања, додека истовремено приходите на 67 отсто од граѓаните се помали за разлика од февруари.
Големото чувство на несигурност влијае на навиките на потрошувачите, од кои 45 отсто изразиле загриженост за економијата на земјата, а повеќе од 70 отсто стравуваат од нов бран заразата наесен, покажа новото истражување, пренесува „Ил соле 24 оре”. Италија е првата европска земја што на почетокот на март воведе строги мерки на карантин за спречување на ширењето на коронавирусот, а од блокадата излезе со постепено олабавување на рестриктивните мерки по речиси три месеца.