ПОВЕЌЕ

    „Фич” го намали рејтингот за 33 земји, бројката и натаму ќе расте

    Време зa читање: 2 минути

    Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич” го намали кредитниот рејтинг за 33 земји во првата половина од оваа година. Имајќи предвид дека пандемијата на коронавирусот прави поголема дупка во државните буџети, се очекува бројката и натаму да расте јавува Си-Ен-Би-Си.

    Џејмс МекКормак, глобален шеф за суверени рејтинзи, вели дека Агенцијата ги оценила негативно изгледите за кредитен рејтинг и за дополнителни 40 земји или суверени субјекти, што значи дека нивниот рејтинг би можел да се намали.

    „Никогаш во историјата на „Фич” не сме имале 40 земји со негативни изгледи во исто време, откако спуштивме 33 суверени рејтинзи во првата половина од годинава”, изјави МекКормак за Си-Ен-Би-Си

    Тој додаде дека тие никогаш не скратиле 33 суверени рејтинзи за една година, а сега тоа го направиле за само половина година.

    Меѓу државите чијшто кредитен рејтинг е намален, се и Велика Британија, Австралија и Хонг Конг.

    МекКормак објаснил дека многу Влади ги зголемиле трошоците за да ги заштитат своите економии од сериозно влијание на пандемијата на коронавирусoт и дека очекува финансиската состојба да се влоши во сите 119 држави што ги проценува Агенцијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично