ПОВЕЌЕ

    Роснефт изгуби 2,2 милијарди долари во првиот квартал од 2020 година

    Време зa читање: 2 минути

    Во соопштението од „Роснефт“ е наведено дека приходите на компанијата се намалиле за 15 отсто во првиот квартал од оваа година во однос на 2019 година и паднале на 1,8 милијарда рубљи (околу 24 милијарди долари).

    Најголемата руска нафтена компанија „Роснефт“ претпре загуба од 156 милијарди рубљи во првиот квартал од оваа година.

    Во соопштението од „Роснефт“ е наведено дека приходите на компанијата се намалиле за 15 отсто во првиот квартал од оваа година во однос на 2019 година и паднале на 1,8 милијарда рубљи (околу 24 милијарди долари).

    Во наведениот период производството на нафта во таа компанија падна за 1,1 отсто, односно на 57 милиони тони, а компанијата во првиот квартал од 2020 година потврди загуба од 156 милијарди рубљи (приближно 2,2 милијарди долари).

    Наведено е дека сите средства на компанијата во Венецуела се префрлени во сопственост на руската Влада, со што компанијата во потполност го прекина работењето во земјата.

    Нето-добивката на „Роснефт“ во 2019 година изнесуваше 708 милијарди рубљи, што претставува пораст од 29 отсто во однос на претходната година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично