ПОВЕЌЕ

    Силк Роуд Банка ќе врши исплата на мартовските пензии на 25-ти март

    Време зa читање: < 1 минутa

    Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите приматели на пензија преку банката, дека исплатата на мартовската пензија ќе се врши на 25.03.2020 година (среда).

    Почнувајќи од 25.03.2020 година пензиите ќе може да се подигнат со платежна картичка од било кој банкомат на банката.

    Пензионерите кои не користат картичка, односно своите пензии ги подигнуваат на шалтер на банката истите ќе може да ги подигнат почнувајќи од 28.03.2020 година, односно првиот работен ден на банката – 30.03.2020 година (понеделник).

    Имајќи ги предвид преземените безбедносни мерки во експозитурите, а со цел да не се прават дополнителни гужви на благајните, банката ги замолува пензионерите телефонски да ја контактираат експозитурата на банката од каде што ја подигнуваат пензијата со цел утврдување на точен термин за подигнување на истата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично