Поради преминувањето кон новиот МИПС систем според стандардот ISO 20022, денес е неработен ден за Халкбанк.
Од Банката информираат дека во периодот од 8 до 16 часот нема да бидат достапни платежните трансакции преку електронското и мобилното банкарство.
Воедно, експозитурите на Халкбанк кои вообичаено работат во сабота, денес ќе бидат затворени.
Исто така, нема да се одвива ниту денарскиот платен промет на шалтерите на поштенските единици на АД Пошта за платежни трансакции.
Од понеделник, 9 ноември, ќе почнат да се применуваат новите платни налози, новите шифри на плаќање и конструкцијата на денарските платежни сметки во ИБАН формат.
Аналитика








