ПОВЕЌЕ

    Адора Бизнис Групација со проекти во Македонија, Грција, Србија и Словенија на Real Expo

    Време зa читање: 3 минути

    Од Македонија до регионот и Европа – 25 години визија, инвестиции и градителски успеси.

    Успешната градителската приказна на Адора Бизнис Групација, започната во Македонија пред 25 години, денес се развива низ регионот и пошироко, со успешни проекти во Македонија, Грција, Србија и Словенија. Дел од актуелното портфолио и новите инвестициски можности, Групацијата ќе ги претстави на овогодинешното издание на саемот за недвижности Real Expo, кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“.

    Во фокусот на презентацијата е Порта Скопје by Adora, современ станбено-деловен комплекс во центарот на Скопје, проектиран според европски стандарди за квалитет, функционалност и удобност во живеењето. Комплексот обединува современи станбени единици и модерен бизнис-центар, создавајќи нова урбана дестинација во срцето на градот.

    Од грчкото крајбрежје, Адора го претставува станбениот комплекс во Неа Флогита, со пространа дворна површина, приватен паркинг и базен, на само 90 метри од морето. Комплексот е веќе завршен и пуштен во употреба, а неговите станари го дочекаа летото во својот нов дом покрај морето. Посебен акцент на саемот ќе биде ставен и на најавата за нов проект со луксузни вили непосредно до морето во Геракини, наменети за оние што бараат ексклузивно приморско живеење и инвестициски потенцијал.

    Новина на овогодинешното саемско претставување е и проектот Ivory by Adora во Љубљана, Словенија, остварување на визијата на Душко Чифлиганец за проширување на градителската приказна кон Европа. Станува збор за модерен станбено-деловен објект на атрактивна локација во Љубљана, кој влегува во завршната фаза на реализација и започнува продажбата на становите.

    Како дополнителна инвестициска можност, Адора го претставува и 21st Century Zlatibor by Adora во Србија, каде што се отвора можност за инвестиција во ресторански и спа-простор во рамките на веќе реализираниот проект.

    Уште еден значаен проект во идните планови на Адора Бизнис Групација е од поинаков карактер, со особено општествено значење за државата, заедницата и младите генерации. Станува збор за спортско-едукативен центар во Општина Аеродром, кој ќе се реализира во чест на Душко Чифлиганец, инспириран од неговата визија и мисла: „Без соодветен третман на младите, за ниедна држава и ниедна нација и народ нема иднина“.

    Преку овој проект, Адора ја продолжува својата заложба за создавање вредности што ги надминуваат градежништвото и инвестициите, со фокус на младите, нивниот развој и иднината на општеството.

    Со своето присуство на Real Expo, Адора Бизнис Групација ја потврдува својата посветеност на развојот на современи станбени и деловни решенија, отворањето нови инвестициски можности и продолжувањето на градителската приказна надвор од границите на Македонија.

    За Адора Бизнис Групацијата останува мотото „Инвестирањето во квалитетна недвижност со европски стандарди е најсигурна и најцврста валута“ – заменик генерален директор д-р Драгана Чифлиганец.

    Ве очекуваме на Real Expo, каде што лично ќе ви ги претставиме нашите проекти и инвестициски можности, заедно да го пронајдеме решението што најмногу одговара на вашите желби и потреби.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично