ПОВЕЌЕ

    Delfino Mobility Group: Три децении трансформација од семеен бизнис до регионална деловна групација

    Време зa читање: 3 минути

    Од семеен бизнис основан во 1995 година до денешна деловна групација со активности во мобилноста, автомобилската индустрија, недвижностите и премиум сегментот, развојот на Delfino Mobility Group е приказна за постојано движење, но и за способноста да се препознаат новите можности.

    Она што започна како Delfino Travel, со фокус на туризмот и авионските резервации, низ годините прерасна во диверзифициран бизнис модел. Пресвртна точка е 2004 година и партнерството со SIXT, со кое Delfino Mobility Group влегува во секторот на мобилност. Следуваат регионална експанзија и нови инвестиции, меѓу кои недвижностите, премиум пијалоците и автомобилската дистрибуција.

    Денес, автомобилскиот и mobility сегментот се меѓу најдинамичните области во кои Delfino Mobility Group продолжува да инвестира. Geely и Lynk & Co го донесоа фокусот кон новата генерација мобилност, електрификацијата и паметните технологии.

    Регионалниот развој паралелно се забрзува и во Албанија. Преку SIXT Albania, Delfino Mobility Group го проширува своето присуство на пазарот на мобилност, додека автомобилскиот сегмент се развива со дополнително портфолио на брендови како Lotus, Riddara, Farizon и KGM, со што групацијата создава поширока регионална платформа во автомобилската индустрија.

    „Веруваме дека иднината на бизнисот е во постојаното препознавање на новите можности и подготвеноста да се инвестира во иновативни бизниси и брендови. Но, ниту еден бренд сам по себе не е доволен. Вистинската вредност ја создаваат луѓето со нивното знаење, енергија и способност да работат заедно. Синергијата меѓу тимовите ни овозможува да бидеме брзи и флексибилни, да носиме одлуки и да се адаптираме на пазарот без да ја изгубиме долгорочната визија“, вели Илија Тоневски, извршен директор на Delfino Mobility Group.

    Комбинацијата на нови инвестиции, силни меѓународни брендови, различни деловни сегменти и тим кој може брзо да се адаптира го дефинира развојниот циклус на Delfino Mobility Group.

    Во 2026 година Delfino Mobility Group продолжува со инвестиции во мобилноста и недвижностите и го подготвува новиот ZEEKR салон во Скопје. Истовремено, компанијата продолжува да ја гради својата регионална бизнис платформа, со амбиција новите бизнис можности да ги претвори во долгорочна вредност.

    Delfino Mobility Group е партнер на „Бизнис Лидер 2026“, како дел од поддршката на иницијативи кои го промовираат развојот на бизнис заедницата и успешните деловни приказни.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично