ПОВЕЌЕ

    СКОПЈЕ – ПРИШТИНА ЗА 50 МИНУТИ СО ВОЗ?

    Време зa читање: 2 минути

    На вечера во Приштина со воз, па назад во Скопје? Железничкото поврзување може да отвори поинаков начин на патување меѓу двата града. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во „Каде се парите? со Горан Теменугов“ зборува за патување од центарот на Приштина до центарот на Скопје за 50 минути и за најмалку четири возења дневно. Цената допрва треба да се договори со косовската страна, а почетокот зависи од завршувањето на пругата во Косово. Потоа, вели Николоски, ќе бидат потребни уште четири до шест месеци за линијата оперативно да проработи.

    Што точно се планира и колку сме блиску до реализација?
    Целиот разговор гледајте го на „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Претплатете се на нашиот ЈуТјуб канал: https://youtube.com/playlist?list=PLqqetpN_zeRo0JZtlyIE9xGbXe6y1ZLc6&si=mFfhTzz5ZeuTfFuS

    АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ: И доколку успееме да ги натераме да се качат во воз и за точно 50 минути да стигаат од центар на Приштина до центар на Скопје, сум убеден дека тој сообраќај ќе се намали, што дополнително ќе влијае на намалување на загадувањето на Скопје.

    ГОРАН ТЕМЕНУГОВ: Колку би чинело патување до Приштина и обратно, колку би чинело во пари и колку често би се сообраќал?

    АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ: Во однос на фреквенција, размислуваме да е најмалце четири пати дневно. Во однос на цената, ќе ја договориме заедно со косовската страна, имајќи предвид дека поголем дел од патувањето ќе е на нивна територија.

    ГОРАН ТЕМЕНУГОВ: Кога би можело да се очекува да почне?

    АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ: Па, од нив зависи, затоа што треба да ја завршат пругата. Откако ќе ја завршат, нас ни требаат четири до шест месеци за да можеме тоа оперативно да го реализираме.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично