ПОВЕЌЕ

    ПРАВИЛАТА ЗА НОСЕЊЕ ТЕЧНОСТИ НА АВИОН И НАТАМУ ЗБУНУВАЧКИ – на некои аеродроми во Европа е укинато ограничувањето за 100 мл, но, не кај сите

    Време зa читање: 3 минути

    Европската Унија конечно одлучи да го укине привременото ограничување за носење течности во пакувања до 100 мл. Сепак, засега тоа важи само за аеродромите опремени со одреден тип на скенер за безбедносни проверки.

    Зошто работите да бидат едноставни кога можат да бидат сложени? Пред нешто повеќе од една година, Европската Унија објави дека го укинува правилото за ограничување на течностите до 100 мл и им дозволува на патниците да не ги вадат компјутерите, мобилните телефони и другите електронски уреди од своите торби. Но, само три месеци по ова олеснување на контролите, кое беше високо ценето од патниците, ЕУ повторно ги воведе претходните правила. Како причина беше наведено тоа дека некои скенери не се доволно ефикасни.

    Кон крајот на јули, ЕУ потврди дека повторно ќе го укине ограничувањето за течности, дозволувајќи носење до два литра во рачниот багаж при безбедносните проверки на европските аеродроми. Европската комисија соработуваше со Европската конференција за цивилно воздухопловство (CEAC) за да развие технички решенија за непречено одвивање на безбедносните процедури.

    Сепак, не се тестирани сите системи за скенирање, а со тоа ниту одобрени. Засега, за сигурни се сметаат аеродромите што користат 3D CT скенери од одреден производител.

    Скенери од други брендови се тестираат по потреба. Ова ги збунува патниците. Не сите аеродроми се сертифицирани за прифаќање садови со течност поголеми од 100 мл. Уште полошо, некои од нив немаат ист тип на уред во сите терминали.

    Генералното правило на ниво на ЕУ и натаму е садови до 100 ml во рачниот багаж, со исклучоци за лекови, бебешка храна и одредени duty-free течности. Дел од аеродромите имаат понови CT системи што овозможуваат поедноставен процес на контрола, но технологијата и процедурите не се исти на сите аеродроми. Европската комисија од 1 септември 2024 повторно го примени лимитот од 100 ml и на одредени аеродроми со понови EDSCB скенери поради техничко прашање со системите.

    Од друга страна, Европската Унија ги укина ограничувањата за аеродромите Рим-Фјумичино (терминали 1 и 3), Милано-Линате и Милано-Малпенса (терминал 1) и Неапол во Италија; Амстердам-Схипхол дозволува скенирање на багаж без ограничувања во дел од терминалот. Ограничувањата ги укинаа и Даблин, Корк и Шенон, како и Берлин-Бранденбург, Франкфурт (терминал 1A), Минхен (делумно) и Штутгарт во Германија. Конечно, ограничувањето е укинато и за терминалот 5 на аеродромот Стокхолм-Арланда. Во меѓувреме, Шпанија веќе работи на брзо укинување на ограничувањата. Комисијата вети дека ќе постапи брзо штом ќе бидат одобрени други видови скенери, како и дека ќе понуди унифицирана услуга што ќе се применува на сите аеродроми во ЕУ.

    Некои сајтови за патувања советуваат –  во меѓувреме, за да не се соочите со проблеми поради овие унифицирани правила, најдобро е да се придржувате до старото правило за 100 мл – или воопшто да не носите течности!

    Некои големи аеродромски центри (како што се одредени терминали на аеродромите Рим-Фјумичино, Милано-Линате, Амстердам-Схипхол и Даблин) користат напредни 3D CT-скенери. Доколку аеродромот од кој полетувате ги користи овие нови скенери, можете: да носите садови со капацитет до 2 литри и да ги оставите течностите и електронските уреди во вашата торба. Предупредување: Правилата значително се разликуваат во зависност од аеродромот, па дури и од терминалот.

    Секогаш претпоставувајте дека важи строгото правило за ограничување од 100 ml, освен ако конкретниот аеродром од кој полетувате официјално не наведе поинаку.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично