Дизелот од полноќ поевтинува за два денари и ќе се продава по 99 денари за литар. Досегашната цена на еуродизел БС беше 101 денар. Регулаторната комисија за енергетика ги утврди цените на горивата што ќе се применуваат до крајот на неделава.
За разлика од дизелот, кај останатите нафтени деривати движењето е по нагорна линија. Цената на бензините се зголемува за 3,5 денари – еуросупер БС-95 од актуелните од 97 оди на 100,50 денари, а еуросупер БС-98 од 99 на 102,50 денари за литар.
Поголемо зголемување има кај екстра лесното масло за домаќинство, кое поскапува за 4,5 денари, од 105 на 109,50 денари за литар. Новата највисока цена на мазутот М-1 НС е 48,243 денари за килограм, наспроти досегашните 46,001 денар, што е зголемување за 2,242 денари.
Новите највисоки малопродажни цени се:

Во оваа пресметка референтните цени на светскиот пазар се повисоки за 6,25 насто кај бензините и за 6,67 насто кај дизелот.
Трговците можат да ги продаваат дериватите и по цени пониски од утврдените највисоки малопродажни цени.
Аналитика








