ПОВЕЌЕ

    ИЈЗ: 58 заболени од западнонилска треска, прв случај во Свети Николе

    Време зa читање: 2 минути

    Два нови случаи на западнонилска треска, во Скопје и во Свети Николе, биле пријавени во текот на изминатата недела. Во главниот град се регистрирани и два нови смртни исходи. Заклучно со 8 август, во земјата се забележани 58 случаи – 54  потврдени и четири кои се водат како веројатни, информираат од Институтот за јавно здравје.

    Досега се починати осум лица, сите од Скопје и сите се мажи со просечна возраст од 71,9 години. Сите биле хоспитализирани, а од нив седуммина имале коморбидитети. Исто така, и од вкупниот број заболените повеќето се мажи – 46, а 12 се жени.

    Според место на живеење, 55 од заболените се од Скопје. По еден случај е регистриран во Велес, Куманово и во Свети Николе. Воедно, има 57 автохтони и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија.

    Од аспект на возраста, најголем дел се лица со над 60 години – 47 (81,0 %). Седуммина се на возрраст од 50 до 59 години, едно лице од 30-39, а три лица се на возраст од 20-29 години. Просечната возраст изнесува 66,1 години.

    Кај најголем дел од заболените – 38 или 65,5 отсто, почетокот на симптомите е забележан во август. Кај 17 случаи во јули, два во јуни, а кај еден случај во мај.

    Сите заболени со невроинвазивна болест (56) биле хоспитализирани, 55 во УК за инфективни болести и фебрилни состојби и еден во Аџибадем Систина.

    Испишани се 43 или 76,8 отсто од хоспитализираните потврдени случаи, а сè уште на лекување во болница се пет лица.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично