ПОВЕЌЕ

    Најмоќниот Македонец – Мукаетов во супер-тешката категорија на регионалните бизнисмени  

    Време зa читање: 2 минути

    Добро дојдовте во супер-тешката категорија на највлијателните делови луѓе: Стопанственици кои опстојуваат во кризи, успешно се адаптираат и од нив излегуваат уште посилни. Хрватскиот Пословни дневник во анализата Регионален скенер ги издвојува врвните претприемачи од областа на индустријата, дистрибуцијата и прехранбениот сектор.

    Живко Мукаетов, првиот човек на Алкалоид, е избран меѓу највлијателните бизнисмени во регионот. Во друштво на српскиот бизнисмен Мирослав Мишковиќ од Delta Holding, Петар Матијевиќ од IM Matijević, хрватските Павао Вујновац од ENNA/Fortenova и Емил Тедески од Atlantic Grupa, претседателката на Podravka Мартина Далиќ, словенечкиот индустријалец Душан Шешок од Iskra, Сенад Џамбиќ од босанската Bingo, Петар Ќорлука од Violeta и Драган Бокан од црногорскиот Voli.

    Пословни дневник го претставува Мукаетов како генерален директор и претседател на Управниот одбор на фармацевтскиот гигант Алкалоид. Весникот потсетува дека тој во компанијата влегол во септември 1999 година, на 25-годишна возраст, почнувајќи од основните хиерархиски нивоа и постепено минувајќи низ различни раководни позиции. Во мај 2006 годинае именуван за генерален директор, а потоа и претседател на Управниот одбор. Пред него, од 1985 година, компанијата ја водел неговиот татко Трајче Мукаетов, пишува Пословни дневник..

    Весникот посебно го издвојува регионалното ширење на Алкалоид како дел од неговата глобална стратегија. Компанијата има производствен погон во Белград, хемиска лабораторија во Љубљана и корпоративен правен тим во Загреб, а развива и форми на соработка со конкуренти во Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина. Алкалоид за 18 години пораснал околу четири и пол пати.

    „Прес сѐ, поради изградбата на портфолио производи со додадена вредност, диференцирани од конкуренцијата, квалитетни и конкурентни на својот пазар“, ја наведува весникот изјавата на Мукаетов дадена неодамна Ал-Џезира Балкан.

    Во 2025 година Алкалоид остварил консолидирана продажба од 339,3 милиони евра, што е раст од 10 проценти, додека консолидираната нето-добивка достигнала 29,2 милиони евра. EBITDA пораснала за 20 проценти, а инвестициите во текот на годината изнесувале 18 милиони евра. Продажбата на домашниот пазар, според податоците наведени во текстот, пораснала за 20 проценти.

    Пословни дневник истовремено ја наведува и проценката на белградски Недељник, според која имотот на Мукаетов изнесува 651,33 милиони евра, со што тој е на 38. место од нивната листа. Овој податок е проценка на богатството, а не официјално утврдена вредност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично