Растот од околу 3,4 проценти во вториот квартал е индикатор дека по 25-26 месеци од оваа влада состојбата е конечно стабилизирана. Во оваа насока треба да се продолжи и во периодот што следи, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
„Индустриското производство во овие услови е исклучително значаен податок и неговиот раст, посебно во вториот квартал е над 3 проценти, мислам дека е некаде околу 3,4 проценти. Но, уште повеќе радува фактот што преработувачката индустрија расте. Значи, не се темели на услуги или на нешто друго, туку имаме раст на преработувачката индустрија. Овие индикатори се први кои велат дека после овие 24, 25-26 месеци од оваа влада конечно стигнуваат позитивни вести. Да се изразам попрецизно, конечно е стабилизирана состојбата којашто ќе треба да продолжиме да ја развиваме и да ја растеме. Во периодот што следи очекувам и тоа да се случи“, нагласи Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за растот на индустриското производство.
Аналитика








