ПОВЕЌЕ

    КОЧОСКА: КОЈ РАБОТИ ПО ЗАКОН, НЕМА ОД ШТО ДА СЕ ГРИЖИ

    Време зa читање: < 1 минутa

    Финансиските друштва кои одобруваат потрошувачки кредити остануваат под засилен јавен и институционален притисок. Дел од компаниите од овој сектор бараат расчистување на состојбите, а Министерството за финансии најавува построги правила и контроли. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вели дека во изминатиов месец одзела една лиценца на финансиско друштво.

    Таа најавува дека се анализираат извештаите од теренската контрола и дека ќе има построги мерки и кај игрите на среќа. Нејзината порака е дека оние што работат според закон немаат од што да се грижат.

    „Да, сега ги подготвуваат извештаите. Кој работи по закон, нема за што да се плаши. Ние одземавме сега една лиценца. Меѓутоа, од кога ја дојдов уште три, вкупно четири лиценци од финансиски друштва имаме одземено. Сега чекаме и Законот за игри на среќа и таму веќе има порестрективни мерки..“

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично