
Најавите за реконструкција на Владата отвораат прашања не само кои министри би можеле да бидат сменети, туку и кој учествува во политичките разговори. Во јавноста има информации кој се е дел од преговарачките тимови и дали тие преговараат за промена на ресори и за разрешување и за смена на одредени министри. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, спротивно на информациите вели дека не е дел од тимот што преговара за реконструкција. Таа додава дека нема информација дали ќе остане министерка. Според неа, премиерот може да смени министер секогаш кога не е задоволен од неговата работа.
„А очекувате да останете министерка?
- Немам информација никаква.
Со кого ви е најтешко да комуницирате во владата како министерка за финансии? Вие имате една од најтешките улоги да обезбедите пари и да речете НЕ на тие што сметате дека барат премногу. Кој вака ви е најтежок за комуникација?
- Нема некој тежок. Апсолутно со сите. Не се разбираме со ниту еден, да се разбираме.
Да го преформулирам прашањево, со кого се разбирате најдобро?
- Со оној кој најмалку троши…
Аналитика








