ПОВЕЌЕ

    Дали најлошото помина? Инфлацијата почна да забавува – Станков во поткастот „Каде се парите?

    Време зa читање: < 1 минутa

    По растот на цените во првите месеци од годинава, економистите и граѓаните се прашуваат дали инфлацијата конечно почнува да се смирува. Податоците покажуваат дека притисоците сѐ уште постојат, но динамиката на растот на цените е поумерена од претходно. Прашањето е дали април бил врвот на инфлацијата и дали во наредните месеци ќе видиме дополнително смирување. Во поткастот „Каде се парите?“ со Горан Теменугов, директорот на Државниот завод за статистика Дејан Станков вели дека податоците за мај се охрабрувачки.

    „Можеме да го констатираме дека имаме забавување на движењето на инфлацијата и останува, како што спомнав, да следиме во следните месеци. Податоците за мај во одреден домен се охрабрувачки и останува да се надеваме дека април е пикот…“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично