ПОВЕЌЕ

    Македонија изгубила 230.000 жители. Кој ќе работи во иднина?

    Време зa читање: 2 минути

    Македонија полека, но сигурно останува без луѓе. Се раѓаат сѐ помалку деца, населението старее, а компаниите веќе се жалат дека немаат доволно работници. Демографијата повеќе не е само социјално прашање, туку сериозен економски проблем кој ќе влијае врз растот на бруто – домашниот производ, пензискиот систем и пазарот на труд. Сите проекции покажуваат намалување на населението, а дел од сценаријата предвидуваат дека до средината на векот Македонија може да падне и под еден милион жители. Во поткастот „Каде се парите?“ со Горан Теменугов, директорот на Државниот завод за статистика Дејан Станков предупредува на загрижувачките демографски трендови и дека носителите на политики мора да преземат мерки за да се ублажи овој негативен тренд.

    „Знаете, ние во периодот меѓу 2002 и 2021 година Македонија изгуби околу 9,2% од населението или околу 185.000 жители. Во истиот овој период е остварен позитивен природен прираст од 46.574 лица и доколку ги додадеме овие лица може да се констатира дека во овие 20 – тина години Македонија изгубила околу 230.000 лица, што е навистина податок кој треба за сите нас да нѐ загрижи како општество…“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично