ПОВЕЌЕ

    Поголема улога на жените во управувањето – зајакнува соработката меѓу АСО и WOBA

    Време зa читање: 2 минути

    Поголема застапеност на жените во управувачките структури, унапредување на корпоративното управување и зајакнување на финансиската едукација беа во фокусот на средбата меѓу претседателката на Советот на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), Ели Дракуловска, и амбасадорката за Македонија на регионалната иницијатива Women on Boards Adria (WOBA), Тања Михајловска Димитриевска.

    На средбата било разговарано за можностите за натамошно проширување на соработката, размена на искуства и заеднички активности насочени кон поголема инклузивност во процесите на носење одлуки, особено во финансискиот сектор.

    Дракуловска истакнала дека доброто корпоративно управување и разновидноста во раководните структури се важни предуслови за долгорочен и одржлив развој.

    „Веруваме дека подобрувањето на корпоративното управување и поттикнувањето поголема инклузивност во управувачките структури се клучни за одржливиот развој на секторот. Отворени сме за соработка што ќе придонесе за зајакнување на професионалните стандарди и довербата во институциите“, нагласила Дракуловска.

    Од WOBA посочуваат дека поголемото учество на жените во управните и надзорните тела не е само прашање на еднакви можности, туку и фактор што позитивно влијае врз деловните резултати и квалитетот на корпоративното управување.

    „Поголемата застапеност на жените во процесите на донесување одлуки не е само прашање на еднаквост, туку и фактор за подобри деловни резултати. Преку соработка со АСО имаме можност да придонесеме за создавање поинклузивен и одржлив финансиски сектор“, изјавила Михајловска Димитриевска

    Women on Boards Adria е регионална иницијатива која работи на зголемување на учеството на жените во управувачките и надзорните структури преку обуки, менторски програми и поддршка на политики усогласени со европските стандарди за инклузивно лидерство.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично