ПОВЕЌЕ

    Наумоски: Каматите стануваат најголем непријател на буџетот

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во следните години Македонија ќе се соочи со огромни обврски за сервисирање на јавниот долг. Само во периодот од 2026 до 2028 година доспеваат околу две милијарди евра евробврзници, а трошоците за камати растат драматично. Според проекциите во Фискалната стратегија 2027 – 2031 година, расходите за камати на почетокот од наредната деценија би можеле да достигнат повеќе од половина милијарда евра годишно. Тоа се средства кои нема да можат да завршат во образование, здравство или инфраструктура. Универзитетскиот професор Синиша Наумоски, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ предупредува дека токму каматите стануваат еден од најголемите ризици за јавните финансии.

    Следете нè.

    „Најголемиот непријател на буџетот се каматите. Политиката и менаџментот, политичкиот естаблишмент може да намали плати, може да зголеми плати, може да намали субвенции, да игра со капитални инвестиции, но не може да влијае на каматата… Секој денар јас велам или евро камата значи минус евро за образование, здравство и инфраструктура…“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично