
Повеќе од 650 учесници – вработени во финансискиот сектор, ќе ги проследат и ќе ги одмерат спортските вештини на 26. Банкарски спортски игри, кои во организација на СФОМ почнуваат денес во Охрид. Секој од 15-те тимови го претставува својот работен колектив, односно банките, штедилниците, осигурителните компании, регулаторите во оваа област, здружени преку Синдикатот на работниците од финансиските организации.
Денес и утре на терените ќе се игра фудбал, серва, одбојка, кошарка, баскет. Умешностите ќе се прикажат и во тенисот и пинг-понг, пикадо, куглање и во стрелаштво. Предизвик за натпреварувачите се и шаховските табли. Ќе се трча и штафета.
Оваа година за прв пат организираме шутирање на тројки, при што од секоја членка може да се пријават најмногу два претставника. Активноста е без пехари и е наменета исклучиво за забава, вели Претседателот на СФОМ
М-р Бобан Ристески.
Од СФОМ истакнуваат дека бројот на учесниците се зголемува од година во година. Очекувањата се дека промовирајќи здрави навики и континуирана работа на промоција на здруженост под еден заеднички синдикат, и сребрениот јубилеј ќе биде одбележан со позитивен и тимски дух.
Порталот Пари и оваа година е медиумски покровител на годинашното издание на традиционалните Банкарски спортски игри во организација на СФОМ.
Аналитика








