ПОВЕЌЕ

    НАДМИНАТ ПРОБЛЕМОТ СО ФИНАНСИРАЊЕТО, добро напредуваат работите на Коридорот 8, информираше премиерот Мицковски

    Време зa читање: 2 минути

    Работата на сите делници од Коридорот 8 се одвиваат согласно предвидената динамика, информираше денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски.

    „Моментално се работат галериите. Имавме мала потешкотија, морам да признаам, посебно во делот на обезбедување на средства за довршување на делницата Кичево-Охрид. Затоа што знаете дека заемот којшто го добиваме од кинеската „Ексим“ банка, повеќе не го добиваме, престана. Но, бргу се реорганизиравме и тој проблем е надминат. Формиран е еден синдикат од домашни банки со исклучително, би рекол, поволни услови. И практично тие домашни банки ќе го дозавршат финансирањето и тоа ќе биде последно. И со тоа веќе конечно таа делница ќе биде функционална“, истакна премиерот, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа со каква динамиката тече изградбата на автопатиштата, особено на Охрид-Кичево.

    Мицковски информираше и за напредокот на работите на делницата Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани. „Конечно е предаден извештајот до заемодавателите за делницата Букојчани приклучок Кичево, практично на автопатската делницата Кичево, Кичево-Охрид. Така што во тој дел сум исклучително задоволен. Исто така прилично солидно, би рекол согласно динамиката, напредува реализацијата на делницата Прилеп-Битола којашто е дел од Коридорот 10, 10Д“, рече Мицкоски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично