Уника АД Скопје на осигурителниот пазар настапува со ново име – Сигал Иншуренс Груп АД Скопје. Промената на називот е направен со одлука на надлежните органи и во согласност со важечките законски прописи.
„Заклучно од 02.01.2026 година, новиот целосен назив на Друштвото гласи: Друштво за осигурување СИГАЛ Иншуренс Груп АД Скопје. Новиот краток назив на Друштвото гласи: СИГАЛ Иншуренс Груп АД Скопје.
Промената на називот не влијае врз правниот континуитет, правата и обврските на Друштвото. Тековното работење на компанијата продолжува континуирано, при што сите услуги, контакти и канали за комуникација остануваат непроменети“, информираат од друштвото.
Промената на називот следи по трансакцијата реализирана во јуни 2025 година, со која албанското друштво Сигал Бизнис Центар се стекна со 90 отсто индиректна сопственост во Уника АД Скопје и Уника Лајф АД Скопје, по повлекувањето на UNIQA Insurance Group AG од пазарите во Македонија, Косово и Албанија. Трансакцијата беше реализирана по претходно добиени согласности од надлежните регулаторни институции и е дел од пошироката стратешка одлука на австриската групација да го продаде осигурителниот бизнис во регионот. Со тоа, компанијата во Македонија продолжува да работи во рамки на SIGAL Group, под ново корпоративно име, без промени во оперативното работење.
Аналитика








