
Компанијата “Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics Co., Ltd.), Светски Олимписки и Параолимписки Партнер, денес го претстави новиот ростер на спортисти во Тимот “Samsung Galaxy“ за Олимписките и Параолимписките Зимски Игри Милано Кортина 2026. Новиот тим обединува 68 спортисти од 17 земји, претставувајќи ги и Олимписките и Параолимписките спортови. Секој член на тимот на “Samsung Galaxy” беше избран поради нивното лично патување кое ја отелотворува отвореноста – како на теренот, така и надвор од него.
Приказ на “Отвореното секогаш победува” на Патот до Милано Кортина 2026
Спортистите ќе ги споделат своите патувања на патот кон Олимписките и Параолимписките Зимски Игри и ќе помогнат во пренесувањето на централната порака на “Samsung” за Милано Кортина 2026, „Отвореното секогаш победува“. Прв пат претставена во Париз 2024 година, оваа тема се враќа на Олимписките и Параолимписките Зимски Игри како одраз на верувањето на “Samsung” дека со отворен ум, сè е можно. Тимот “Samsung Galaxy” ќе ја пренесе оваа порака на фановите ширум светот преку споделување на лични приказни кои одразуваат како отвореноста ги води нивните животи и кариери.
“Спортистите и навивачите се во срцето на Олимписките и Параолимписките Игри и “Samsung” е горд што помага да ги зближи и да ги направи моментите поповрзани — од тоа како спортистите ги споделуваат своите патешествија до тоа како навивачите ги доживуваат Олимписките и Параолимписките Игри “, изјави Софија Ким (Sophia Kim), Потпретседател и Раководител на Искуствен Маркетинг Група, Сектор за мобилно искуство (MX) во “Samsung Electronics”. „Заедно со тимот “Samsung Galaxy”, ќе отвориме нови перспективи и бесконечни можности за време на Игрите, тоа е нашата порака ‘Отвореното секогаш победува’ до навивачите и заедниците.“
Спортисти кои ја оживуваат отвореноста
Со силно присуство во девет клучни дисциплини, вклучувајќи сноубординг, брзо лизгање, скијање, боб санкање и крос-кантри скијање – спортови кои отелотворуваат креативност, изразување и перформанси под притисок, тимот “Samsung Galaxy” ја претставува различноста на зимските спортови.
За Милано Кортина 2026, тимот “Samsung Galaxy” го вклучува олимпискиот шампион во скијање во слободен стил Алекс Хол (Alex Hall) (САД), братот и сестрата скијачи во слободен стил Миро Табанели (Miro Tabanelli) и Флора Табанели (Flora Tabanelli) (Италија), иновативниот изведувач на првите во свет трикови со сноуборд, Јан Матеоли (Ian Matteoli) (Италија), повеќекратната светска шампионка во брзо лизгање на кратки патеки и олимписка медалистка Минџонг Чои (Minjeong Choi) (Кореа), светската шампионка во скијање во слободен стил Зои Аткин (Zoe Atkin) (Велика Британија) и двократната олимписка златна медалистка во сноуборд Ана Гасер (Anna Gasser) (Австрија). Во алпско скијање, Артур Боше (Arthur Bauchet) (Франција) поседува повеќе параолимписки и светски титули, додека Адам Жампа (Adam Žampa) (Словачка) носи длабоко искуство на меѓународната сцена. Тимот “Samsung Galaxy” за Милано Кортина 2026 исто така се гордее со елитата во уметничко лизгање, вклучувајќи ја светската шампионка Алиса Лиу (Alysa Liu) (САД) и двократниот светски шампион Илија Малинин (Ilia Malinin) (САД).
Низ спортовите и границите, секој спортист од тимот “Samsung Galaxy” го оживува духот на отвореноста на свој личен начин. Обликувани од нивната креативност, издржливост и волја да истражуваат што е можно, нивните патешествија се протегаат надвор од границите на натпреварувањето за да ги инспирираат навивачите ширум светот, покажувајќи како отворениот начин на размислување може да влијае не само на перформансите, туку и на секојдневниот живот.
За Јан Матеоли (Ian Matteoli), отвореноста се изразува преку смела креативност. Еден од најперспективните млади сноубордери во Италија, тој влезе во историјата како првиот што извел “frontside 2160” на натпревар – момент кој покажа и техничко мајсторство и отворен, бестрашен пристап кон напредокот. Израснат во семејство на сноубордери, неговото патешествие беше обликувано од решителен камбек по сериозна повреда со борба на патот кон врвот. Како дел од генерацијата која го гледа спортот како перформанс и како начин на живот, Јан ги премостува сноубордингот и скејтбордингот, носејќи отворен ум додека ја претставува својата земја на Милано Кортина 2026.
„Сноубордингот отсекогаш бил дел од мојот живот како повеќе од обичен спорт. Тоа е начин на изразување на она што сум“, изјави Јан Матеоли (Ian Matteoli). „По мојата повреда, го променив начинот на кој му пристапувам на сноубордингот и животот, принудувајќи се да се вратам посилен, покреативен и повеќе поврзан со причината зошто го сакам овој спорт. Да се претставува Италија на домашен терен е неверојатно специјално, а поддршката од “Samsung” ме мотивира да продолжам креативно да напредувам“.
За Мајк Шулц (Mike Schultz), отвореноста се изразува преку реосмислување и издржливост. По несреќа која му го променила животот, тој повторно го изгради своето спортско патешествие останувајќи отворен за нови начини на размислување, тренирање и креирање, претворајќи ги предизвиците во можност преку конструирање на сопствена протеза за да се врати во елитното натпреварување. Преку отворен начин на размислување заснован на креативност и приспособливост, Мајк продолжува да го развива својот пристап кон перформансот и закрепнувањето, освојувајќи три Параолимписки медали и повеќе Светски титули. Неговата приказна покажува како отвореноста може да го претвори страдањето во напредок со цел.
„Ако не беше креативноста, немаше да бидам онаму каде што сум денес. По мојата несреќа, морав целосно да го реосмислам начинот на кој тренирав и закрепнував. Останувањето отворен за нови идеи и користењето на технологијата за подобро разбирање на моето тело ми помогна во ресоздавањето со самодоверба“, рече Мајк Шулц (Mike Schultz). „Надреално е да се биде дел од тимот “Samsung Galaxy”, со оглед на тоа колку алатките како дигиталната здравствена платформа го поддржаа мојот прогрес, овозможувајќи ми да тренирам попаметно и да продолжам да се движам напред како спортист.“.
Алекс Хол (Alex Hall) ја диверзифицираше својата кариера со основање бренд за скијачки филмови кој го документира урбаното скијање и скијањето во недопрени предели. Израснат во Цирих пред да се пресели во Парк Сити, пораснал на два континенти и носи глобална перспектива во скијањето во слободен стил, што ја спојува техничката прецизност со уметничкото изразување. Надвор од патеките, неговиот пионерски ум се пренесува и во филмската продукција, каде што црпи инспирација за своите нови трикови додека избегнува ментален замор. Неговата способност да ги спои спортот, уметноста и раскажувањето приказни го прави еден од најкреативните гласови во скијањето во слободен стил денес.
„Горд сум што сум дел од тимот “Samsung Galaxy” и што претставувам бренд кој ги зближува спортистите и заедниците на глобално ниво“, рече Алекс Хол (Alex Hall). „За мене, нема граници во спортот. Секој може да се изрази на свој начин, а “Samsung” ни овозможува да го правиме тоа на снегот и надвор од него со својата технологија.“.

Минџонг Чои (Minjeong Choi) ја изразува отвореноста со инспирирање на младите лизгачи на кратки патеки преку сопствените искуства. Како двократна Олимписка шампионка во женската категорија на 1.500 метри и повеќекратна светска рекордерка во брзо лизгање, нејзината приказна за континуирана извонредност под притисок и постојаната подготвеност за еволуирање, отвора нови перспективи за идните генерации. Ценета поради нејзиното лидерство, нејзината страст континуирано да се прилагодува, да учи и да води одразува како отвореноста ги поттикнува долготрајноста и перформансите како елитен спортист.
„Среќна сум што повторно се придружувам на тимот “Samsung Galaxy” по Зимските Олимписки Игри Пекинг 2022“, рече Минџонг Чои (Minjeong Choi). „Тимот “Samsung Galaxy” секогаш ги инспирираше луѓето да отворат повеќе можности преку спортот. На Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026, ќе продолжам да создавам позитивно влијание со тимот “Samsung Galaxy”.
Продолжување на патешествието кон Милано Кортина 2026
Со тимот “Samsung Galaxy”, “Samsung” ја потврдува својата долгогодишна посветеност на Олимпиското и Параолимпиското Движење. Додека светот гледа кон Милано Кортина 2026, “Samsung” во центарот на вниманието ќе ги стави автентичните приказни на спортистите кои одат подалеку од самите резултати, зајакнувајќи ја отвореноста како вредност што ги поврзува спортистите, навивачите и заедниците ширум светот преку технологијата. Дополнителни информации за „Отвореното секогаш победува“ и поддршката на “Samsung” за Зимските Олимписки Игри ќе бидат објавени како што продолжува патот кон Милано Кортина 2026.
Список на тимот на “Samsung Galaxy” за Милано Кортина 2026:
- Зои Аткин (Zoe Atkin) (Обединето Кралство), Скијање во слободен стил
- Амедео Бањис (Amedeo Bagnis) (Италија), Скелетон
- Корадо Барбера (Corrado Barbera) (Италија), Алпско скијање
- Елиа Барп (Elia Barp) (Италија), Крос-кантри скијање
- Марта Басино (Marta Bassino) (Италија), Алпско скијање
- Артур Боше (Arthur Bauchet) (Франција), Пара-алпско скијање
- Џакомо Бертањоли (Giacomo Bertagnolli) (Италија), Пара-алпско скијање
- Федерика Брињоне (Federica Brignone) (Италија), Алпско скијање
- Гаон Чои (Gaon Choi) (Јужна Кореја), Сноубординг
- Минџонг Чои (Minjeong Choi) (Јужна Кореја), Брзо лизгање на кратки патеки
- Џорџија Коломб (Giorgia Collomb) (Италија), Алпско скијање
- Стефанија Константини (Stefania Constantini) (Италија), Карлинг
- Елена Куртони (Elena Curtoni) (Италија), Алпско скијање
- Рене де Силвестро (Renè de Silvestro) (Италија), Пара-алпско скијање
- Лара Дела Меа (Lara Della Mea) (Италија), Алпско скијање
- Симоне Деромедис (Simone Deromedis) (Италија), Скијање во слободен стил
- Леонардо Донаџо (Leonardo Donaggio) (Италија), Скијање во слободен стил
- Роланд Фишналер (Roland Fischnaller) (Италија), Сноубординг
- Аријана Фонтана (Arianna Fontana) (Италија), Брзо лизгање на кратки патеки
- Лорис Фрамарин (Loris Framarin) (Италија), Сноубординг
- Џовани Францони (Giovanni Franzoni) (Италија), Алпско скијање
- Ралфс Фреибергс (Ralfs Freibergs) (Латвија), Хокеј на мраз
- Јоле Гали (Jole Galli) (Италија), Скијање во слободен стил
- Ана Гасер (Anna Gasser) (Австрија), Сноубординг
- Давиде Џото (Davide Ghiotto) (Италија), Брзо лизгање
- Томазо Џакомел (Tommaso Giacomel) (Италија), Биатлон
- Ренарс Грантинш (Renārs Grantiņš) (Латвија), Боб санкање
- Даниел Грасл (Daniel Grassl) (Италија), Уметничко лизгање
- Алекс Хол (Alex Hall) (Соединети Американски Држави), Скијање во слободен стил
- Јакуб Хронеш (Jakub Hroneš) (Чешка), Сноубординг
- Даехон Хванг (Daeheon Hwang) (Јужна Кореја), Брзо лизгање на кратки патеки
- Алекс Инсам (Alex Insam) (Италија), Скијачки скокови
- Гили Ким (Gilli Kim) (Јужна Кореја), Брзо лизгање на кратки патеки
- Маркус Клевеланд (Marcus Kleveland) (Норвешка), Сноубординг
- Тес Ледо (Tess Ledeux) (Франција), Скијање во слободен стил
- Алиса Лиу (Alysa Liu) (Соединети Американски Држави), Уметничко лизгање
- Никола Ливиеро (Nicola Liviero) (Италија), Сноубординг
- Зринка Љутиќ (Zrinka Ljutić) (Хрватска), Алпско скијање
- Јакопо Лукини (Jacopo Luchini) (Италија), Пара-сноуборд
- Илија Малинин (Ilia Malinin) (Соединети Американски Држави), Уметничко лизгање
- Валентина Маргаљо (Valentina Margaglio) (Италија), Скелетон
- Јан Матеоли (Ian Matteoli) (Италија), Сноубординг
- Чема Мазет-Браун (Txema Mazet-Brown) (Обединето Кралство), Сноубординг
- Аника Морган (Annika Morgan) (Германија), Сноуборд
- Доминик Парис (Dominik Paris) (Италија), Алпско скијање
- Ана Пецета (Anna Pezzetta) (Италија), Уметничко лизгање
- Федерико Пелегрино (Federico Pellegrino) (Италија), Крос-кантри скијање
- Емануел Ператонер (Emanuel Perathoner) (Италија), Сноубординг
- Манон Пети-Леноар (Manon Petit-Lenoir) (Франција), Сноубординг
- Лаура Пировано (Laura Pirovano) (Италија), Алпско скијање
- Сара Поња (Sára Pónya) (Унгарија), Крос-кантри скијање
- Џонгун Рим (Jongun Rim) (Јужна Кореја), Брзо лизгање на кратки патеки
- Матео Рицо (Matteo Rizzo) (Италија), Уметничко лизгање
- Марта Росети (Marta Rossetti) (Италија), Алпско скијање
- Сузан Шултинг (Suzanne Schulting) (Холандија), Брзо лизгање
- Мајк Шулц (Mike Schultz) (Соединети Американски Држави), Пара-сноубординг
- Аријана Сигел (Arianna Sighel) (Италија), Брзо лизгање на кратки патеки
- Пјетро Сигел (Pietro Sighel) (Италија), Брзо лизгање на кратки патеки
- Барт Свингс (Bart Swings) (Белгија), Брзо лизгање
- Флора Табанели (Flora Tabanelli) (Италија), Скијање во слободен стил
- Миро Табанели (Miro Tabanelli) (Италија), Скијање во слободен стил
- Денис Васиљевс (Deniss Vasiļjevs) (Латвија), Уметничко лизгање
- Лиза Витоци (Lisa Vittozzi) (Италија), Биатлон
- Леон Фокенспергер (Leon Vockensperger) (Германија), Сноубординг
- Валтер Валберг (Walter Wallberg) (Шведска), Скијање во слободен стил
- Доротеа Вирер (Dorothea Wierer) (Италија), Биатлон
- Михал Возниак (Michał Woźniak) (Полска), Уметничко лизгање
- Адам Жампа (Adam Žampa) (Словачка), Алпско скијање
За “Samsung Electronics Co., Ltd.“
“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.
“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.
За вклученоста на “Samsung“ во Олимписките Игри
“Samsung” е Светски Олимписки Партнер од Зимските олимписки игри во Нагано 1998 година. Речиси 30 години, спортистите и навивачите веруваат во трансформативната мобилна технологија на “Samsung” за споделување на Олимпискиот дух на глобално ниво и продолжуваат да ја обликуваат дигиталната иднина за Олимписките игри за Милано Кортина 2026 и понатаму. Посветеноста на компанијата кон олимпиското движење наскоро навлегува во својата четврта деценија на партнерство и се протега до Лос Анџелес 2028 година. Целосните иновации на “Samsung” во категоријата на безжични комуникации и компјутерска опрема, вклучувајќи опрема со вештачка интелигенција, виртуелна реалност, изменета реалност и 5G, ќе го променат начинот на кој светот ги доживува Олимписките Игри.
За вклученоста на “Samsung“ во Параолимписките Игри
“Samsung” е светски партнер на Интернационалниот Параолимписки Комитет (IPC) во категоријата на безжични комуникации и компјутерска опрема. Почнувајќи од Зимските Параолимписки Игри во Торино 2006 година, компанијата гордо го поддржува Параолимпиското движење и им овозможува на спортистите и навивачите ширум светот да ја споделат возбудата и инспирацијата од Игрите преку трансформативната мобилна технологија на “Samsung”. Посветеноста на “Samsung” кон Параолимписките Игри ќе продолжи и во Лос Анџелес 2028 година и ќе биде одбележана преку иновативни мобилни и компјутерски искуства овозможени од наменски иновации во категоријата на безжична комуникација и компјутерска опрема, вклучувајќи опрема што содржи вештачка интелигенција, виртуелна реалност, изменета реалност и 5G.
Аналитика








