ПОВЕЌЕ

    ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА МУ ГИ „СЕЧЕ КРИЛЈАТА“ НА РЕД БУЛ: Обвинет дека ги турка конкурентите од рафтовите

    Време зa читање: 3 минути

    Брисел повторно го насочува фокусот кон големите играчи на европскиот пазар – овојпат кон „Ред Бул“. Наместо адреналин и брзина, компанијата се соочува со сериозни сомнежи дека зад својата доминантна позиција криела тактики што ги туркале конкурентите на маргините на полиците во супермаркетите. Европската комисија сака да утврди дали невидливиот дел од играта, влијанието врз асортиманот и стимулативните договори, биле средство за контролирање на конкуренцијата.

    Европската комисија отвори антимонополска истрага против австрискиот производител на енергетски пијалоци „Ред Бул“, поради сомнежи дека компанијата ја злоупотребила својата силна пазарна позиција и намерно ги ставала конкурентите во неповолна положба на европскиот пазар на енергетски пијалоци. Оваа одлука доаѓа по рациите спроведени во седиштето и канцелариите на компанијата во пролетта 2023 година и по обвинувањата за антиконкурентски практики, меѓу другото и од американскиот конкурент „Монстер Енерџи“.

    Комисијата има индикации дека „Ред Бул“, познат по својот препознатлив пијалак во лименка од 250 милилитри, развил стратегија на ниво на цела Европа за ограничување на конкуренцијата од енергетски пијалоци со поголем волумен од 250 милилитри, кои се продаваат во супермаркетите и на бензинските пумпи. Посебен фокус на истрагата е Холандија, каде што компанијата, според Брисел, ужива значителна пазарна моќ и можела да влијае на условите под кои се нудат конкурентските производи.

    Според Европската комисија, се сомничи дека „Ред Бул“ им нудел на трговците на мало, супермаркети и бензински пумпи, парични и непарични стимулации за да престанат да продаваат конкурентски енергетски пијалоци поголеми од 250 милилитри или да им го намалат просторoт и видливоста на рафтовите. Дополнително, компанијата наводно ја искористила својата улога на таканаречен „менаџер на категорија“ за да влијае на асортиманот и пласирањето на пијалоците во продажните места.

    Во договорите за управување со категории, трговците им препуштаат на одреден снабдувач, во овој случај на „Ред Бул“, да управува со целата категорија производи, какви што се енергетските пијалaци. Тоа може да значи дека истиот снабдувач не само што го одредува пласманот и промоциите на сопствените брендови, туку има влијание и врз позиционирањето и видливоста на производите на конкурентите. Комисијата е загрижена дека оваа позиција можеби била злоупотребена за да се потиснат конкурентските брендови, меѓу кои и „Монстер Енерџи“, за сметка на потесен избор за потрошувачите.

    Шефицата на антимонополската комисија на ЕУ, Тереза Рибера, истакна дека целта на истрагата е да се утврди дали ваквите практики придонеле цените да останат повисоки отколку што би биле во услови на фер конкуренција и дали на потрошувачите им бил ограничен изборот на енергетски пијалоци. Комисијата нагласува дека самото отворање на истрагата не значи дека веќе е донесена било каква прелиминарна одлука за вината на компанијата.

    Особено значајно е што ова е првпат Европската комисија експлицитно да истражува можност за злоупотреба на пазарна моќ преку управување со категории, што може да создаде важен преседан за целиот малопродажен сектор во ЕУ. Доколку по завршување на истрагата се утврди дека „Ред Бул“ ги прекршил антимонополските правила, компанијата би можела да се соочи со високи санкции – казните можат да достигнат до 10% од нејзиниот глобален годишен промет.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично