ПОВЕЌЕ

    ЃОРЃИ АТАНАСОВСКИ Е НАЈДОБАР БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ЗА 2025 година во ТТК Банка

    Време зa читање: 2 минути

    По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, во организација на Македонската банкарска асоцијација им беа доделени признанија на најдобрите банкарски службеници за 2025 година.

    Од ТТК Банка АД Скопје за најдобар банкарски службеник беше прогласен Ѓорѓи Атанасовски, вработен како Соработник во оддел за позадински обработки на платен промет и средства и ликвидност.

    Во ТТК Банка работам веќе седум години и секој ден го доживувам како можност да научам нешто повеќе и да придонесам за подобра услуга кон клиентите. Верувам дека успехот се гради со посветеност, точност и тимска соработка. Еден од најзначајните проекти оваа година беше приклучувањето на Банката во СЕПА платниот регион – искуство што ми овозможи да ги продлабочам знаењата и да ја почувствувам вистинската сила на тимската работа. Работејќи на проектот, бев инспириран од можноста што СЕПА ја носи за нашите клиенти – пристап до современ, европски усогласен платен систем и ново ниво на ефикасност и сигурност“, потенцира Атанасовски за порталот Пари.

    Како што вели тој, да се биде избран за најдобар банкарски службеник е голема чест и потврда дека трудот и одговорноста се препознаени и вреднувани. Според него, ова признание е поттик да продолжи со иста посветеност и професионалност, но и благодарност за целиот тим со кој заедно ги постигнуваме резултатите. „ТТК Банка е институција што поттикнува развој, ја цени посветеноста и создава средина во која секој вработен може да напредува и да даде свој придонес кон заедничкиот успех“, потенцира Атанасовски.

    Катерина Михајлова

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично