ПОВЕЌЕ

    Дигитална револуција во осигурувањето – Иуте во партнерство со УНИКА Лајф, Allianz Partners и GrECo, ја менува играта на осигурително-брокерскиот пазар во земјава

    Време зa читање: 4 минути

    Иуте Македонија – дел од естонската групација Иуте, ја лансираше првата целосно дигитална услуга за осигурително брокерство во соработка со УНИКА Лајф, Allianz Partners и GrECo Македонија, како единствена од ваков вид на пазарот. На овој начин Иуте Македонија преку Iute Safe преминува на едно сосема поинакво ниво на работење и опслужување на корисниците, со воведување на надградба на досегашните процеси и покритија на осигурувањето.

    Преку партнерството со GrECo Македонија, Allianz Partners и УНИКА Лајф, за прв пат во Македонија е развиен модерен и флексибилен модел на осигурување под името “Ризико Плус – Осигурување на живот на кредитокорисник”, кој вклучува покритија кои се прилагодени на потребите на финансиските институции и нивните клиенти.

    Оваа соработка ја обединува глобалната моќ на Allianz во преземање на ризици и обработка на штети, додека со експертизата на УНИКА Лајф и GrECo Македонија, кредитокорисниците комплетно ќе бидат заштитени од ризикот доколку не бидат во можност да го вратат кредиот поради непредвидени настани, како што се губење на живот или неспособност за работа како последица од несреќа и болести. На овој начин, преостанатиот износ на кредит не го наследуваат членовите на семејството, туку го отплаќа осигурувачот.

    Сите операции – поднесување барања, активирање на полисата, управување со документи и барање на оштета – се одвиваат, целосно дигитално и во реално време, и се достапни во мобилната апликација Myiute.

    “Осигурително-брокерскиот бизнис на групациско ниво интензивно расте, што го прави овој бизнис сегмент еден од клучните стратешки области на компанијата и централен дел на еко-системот на Иуте. Лансирањето на овој модел претставува значаен чекор во градењето на еден комплетен и модерен еко-систем на услуги што ги нуди Иуте. Со воведување на овој продукт ние поставуваме нов стандард на пазарот и им овозможуваме на нашите клиенти финансиска сигурност и заштита токму тогаш кога им е најпотребна. Нашата цел е да ја направиме секоја финансиска обврска побезбедна и поедноставна, комбинирајќи ја технолошката иновација со човечката грижа и одговорност” – посочи Борјан Колемишевски, Извршен Директор на  осигурителното брокерско друштво Iute Safe.

    „Животното осигурување е инвестиција во сигурна иднина и спокојство. Горди сме што преку ова стратешко партнерство ја носиме дигиталната трансформација директно до клиентите, со што им го олеснуваме пристапот до заштита тогаш кога е најпотребна. Ова не е само технолошки напредок, туку и потврда на нашата посветеност да бидеме секогаш чекор поблиску до клиентот. Нашата визија не е само да одговориме на современите предизвици, туку да го предводиме осигурителниот пазар преку дигитални решенија, едукација и персонализирани производи кои прават вистинска разлика. Веруваме дека секое семејство заслужува финансиска сигурност, а нашата мисија е таа сигурност да ја овозможиме – денес и утре.“ – изјави Генералниот директор на УНИКА Лајф АД Скопје, г-ѓа Александра Шкемби Антовска.

    “Со големо задоволство се здружуваме со нашите партнери Иуте и УНИКА Лајф, за да го оживееме ова иновативно решение. Оваа соработка ја одразува нашата заедничка визија за иднината на осигурувањето – целосно дигитална, ориентирана кон клиентот и дизајнирана да ги исполни очекувањата на современите корисници. Заедно поставуваме нови стандарди во индустријата и ја потврдуваме нашата посветеност кон попаметна, поефикасна и инклузивна финансиска заштита за сите.

     На овој начин, како не само што ја подигнуваме летвичката за дигитални осигурителни решенија, туку и ја зацврстуваме нашата позиција на лидер во испорака на решенија ориентирани кон клиентите во рамките на Affinity моделот низ целата индустрија” – вели Зоран Георгиев, Генерален директор на GrECo во Македонија.”

    Оваа иновација е дел од растечката стратегија на групацијата Иуте да понуди дигитални, секојдневно корисни, уникатни и дигитални решенија во областа на личните финансии и осигурувањето, поставувајќи нови стандарди за тоа како треба да изгледа современо осигурување.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично