Халк Банка Скопје официјално ја поднесе својата апликација за членство во Единственото подрачје за плаќања во евра (СЕПА) до Европскиот платен совет за која советот потврди дека е успешно поднесена. Со ова банката ќе биде вклучена во Регистарот на учесници во шемите Евроскиот платен совет на 13 јуни 2025 година.
Овој значаен чекор ја потврдува посветеност да банката да обезбеди на своите клиенти брзи, сигурни и економични решенија за плаќања низ Европа.
Со членството во СЕПА, Халк Банка Скопје ќе им овозможи на своите клиенти да извршуваат и примаат плаќања во евра под исти услови, со иста леснотија и ефикасност како во рамките на националните граници. Ова значи побрзи трансакции, пониски трошоци и поголема удобност за физичките лица и бизнисите кои работат на европскиот пазар.
Визијата на банката е да биде водечка банка во регионот, нудејќи иновативни и достапни финансиски услуги. Поднесувањето на апликацијата за СЕПА е дел од стратегијата на банката за интеграција во европскиот финансиски екосистем, со што дополнително ја зајакнува позицијата на доверлив партнер за финансиски потреби на населението и бизнис заедницата.
Со пристапот во СЕПА регионот, кој е сочинет од 41 земјa-членкa со преку 4.000 учесници во платежната шема, се очекува банката да биде оперативнo подготвена на почетокот на октомври 2025 година.
Халк Банка Скопје останува посветена на иновациите и на обезбедување на најсовремени решенија за финансиски услуги, во чекор со европските и глобалните стандарди.