Систем разорен од корупција. Трагедија по трагедија, а одговорност само проформа. За пропустите се знаело со години, а реакција нула. Дали ќе се промени нешто, дали е тоа можно ако правдата е селективна?
Освен за ова, во поткастот „Каде се парите?“, со мене Горан Теменугов, ќе зборуваме за тоа дали ќе има ревизија на растот на БДП, за борбата против картелите и за тоа каде ќе се најдат петстотини милиони нов долг за изградба на локални патишта.
Одговорите на овие теми ќе ги даде премиерот Христијан Мицкоски. Гледајте нѐ, а најлесно ќе не најдете ако отидете на YouTube, во пребарување на кирилица напишете „пари“ и ние ќе ви се појавиме. Секако, притиснте „Subscribe“, бидејќи тоа многу ни значи и овозможува да ги создаваме овие содржини.