ПОВЕЌЕ

    ДРЖАВАТА БАРА 3,9 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ: Можност за инвеститорите да вложат во две нови обврзници

    Време зa читање: 2 минути

    Од денес на Македонска берза ќе може да се инвестира во две нови државни обврзници. Државата ќе позајми 3,9 милијарди денари или 62,9 милиони евра, а инвеститорите ќе добијат камата од 3,65, односно 3,9 проценти, зависно дали ќе се определат за тригодишните или за петгодишните хартии од вредност издадени од Министерството за финансии на 17 месецов.

    „Ве известуваме дека согласно поднесено барање од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 26.02.2025 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници“, информираа од Берзата.

    Издадени се 67.000 тригодишни обврзници, а вредноста на емисијата е 670.000.000 денари (10,9 милиони евра). За нив е предвидена пониската каматна стапка. Доспеваат за наплата на 17 февруари 2028 година.

    Државните обврзници кои достасуваат на истиот датум, но во 2030 година, се 319.900 на број. Нивната вкупна вредност е 3.199.000.000 денари (52 милиони евра). На заинтересираните што ќе вложат во нив ќе им биде пресметана стапката од 3,9 проценти.

    И двата вида државни обврзници имаат номинална вредност од 10.000 денари и се без девизна клаузула.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично