„Што го прави Орце Ѓорѓиевски најдобриот избор за градоначалник на Скопје? Тој вели дека неговото искуство, способноста за тимска работа и познавањето на проблемите на градот го прават вистинскиот кандидат. Како градоначалник на Кисела Вода, покажал резултати, а неговата работа во ЗЕЛС му даде искуство во решавање на комплексни прашања. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ тој објаснува што конкретно ќе направи за главниот град.“
„Така да сметам дека во однос на стручноста и она што значи реализирање на проекти, јас сум докажан повеќе од било кој во минатото. Покажав изминативе три години и неколку месеци, како знам и тимски тоа да го работам. Дополнителна предност моја сметам дека е позицијата ЗЕЛС, со која што покажав дека умеам и да преговарам. Изминативе две години откако сум претседател на таа позиција, умеам да решавам и проблеми кои што се надвор од моето делување, односно мојата општина. Знам да седнам две сериозно завојувани страни, како што имавме со состојба во Струмица и Министерството за земјоделие и да се најде практично решение. Од трета страна, не верувам дека некој подобро ги знае проблемите во Скопје од мене, но не само проблемите, толку и решенијата…“
Инаку, поткастот премиерно се емитува во четврток во 12.00 часот, а потоа може да се погледне на Јутјуб каналот на www.pari.com.mk или @parimedium. Секако, оваа содржина е бесплатна, но нас добро би ни дошло ако притиснете „subscribe“ и поченте да не следите.