ПОВЕЌЕ

    ПОЧНАА ЗИМСКИТЕ ПОПУСТИ ВО ГРЦИЈА, ќе траат до 28 февруари

    Време зa читање: 2 минути

    Зимските распродажби во Грција почнаа од понеделник, 13 јануари, а периодот на продажба ќе трае до петок, 28 февруари. Трговските здруженија објавија дека трговците ги пречекуваат потрошувачите со „силни попусти и единствени можности“, со цени намалени и до 70 проценти.

    Според претседателот на Трговско-индустриската комора на Пиреја, Василис Коркидис, се очекува зимската распродажба да ги исполни очекувањата и на трговците и на потрошувачите и покрај финансискиот замор од божиќните празници, пишува То Вима.

    Се очекува прометот на мало во текот на јануари и февруари 2025 година да ги надмине 6 милијарди евра забележани во истиот период минатата година.

    Коркидис годинава очекува раст на продажбата, главно поради порастот на платите во приватниот сектор за 6,4% и намалувањето на невработеноста на 9%. Ова означува уште еден показател дека притисоците врз буџетите на домаќинствата во последно време постојано се намалуваат.

    Да си немаш работа со администрација…  

    Во меѓувреме, потпретседателот на Атинската трговска асоцијација и потпретседател на грчката асоцијација за е-трговија (GRECA), Макис Саввидис тврди дека понудените цени, особено во секторот за облека и обувки, ќе ги надминат сите очекувања за време на овогодишната зимска продажба.

    (Фото: Грик Сити Тајмс)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично