ПОВЕЌЕ

    Гувернерката ги прими стипендистите од ЕФА: Народната банка дава поддршка за развој на младите

    Време зa читање: 2 минути

    Народната банка дава поддршка за младите и за нивниот развој во висококвалификувани кадри, кои понатаму ќе придонесат за економскиот и за општествениот развој на земјата и за нејзината европска иднина. За таа цел, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и главната економистка, Анета Крстевска ги примија стипендистите на Европскиот форум Алпбах (ЕФА) ‒ Александар Каратошо, Бесар Бекири, Ана Софеска и Никола Донев, како и членови на Здружението за поттикнување младинска соработка, промовирање мир и стабилност  ̶  Македонска АЛПБАХ заедница, Марко Палоски и Теа Цветановска, на средба во Народната банка.

    На средбата, стипендистите на ЕФА ги споделија своите искуства и идеи во врска со поддршката којашто институциите можат да ја дадат за младите и за нивниот развој, како идна движечка економска и општествена сила. Подетално беше разговарано и за Меморандумот за соработка, којшто Народната банка го потпиша со Клубот Алпбах, во август годинава, со кој се предвидени повеќе активности и проекти во областа на финансиската едукација. Преку соработката и проектните активности се отвораат нови можности за младите, за едукација, проактивност и за иновативност.

    На средбата беше посочено и дека преку градење партнерства и вклучување на сите заинтересирани институции, асоцијации и граѓански здруженија, Народната банка постојано работи на зајакнување на свеста и унапредување на финансиската едукација на широка основа во земјава. 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично